Малите верверички можат да бидат многу чудни и несмасни кога ги учат „првите чекори“ и често можат да излезат од нивните гнезда. Сепак оваа мала верверичка имала среќа. Таа била спасена од индискиот фотограф, Рахул Шарма, кој ја хранел и негувал, се додека нејзината мајка не дошла да си ја земе.

Рахул Шарма, маж од Индија, појадувал на неговата тераса, кога одлучил да погледне надолу кон улицата токму на време за да забележи една мала верверица која лежела на земјата. Тој брзо реагирал за да го спаси животното од гладна мачка или куче кои ќе ја видат верверичката како прекрасен утрински оброк.

Рахул ја исчистил колку што е можно понежно, бидејќи бебето било крајно исцрпено од борбата во вакланиот одвод во кој што паднало. Благодарение на љубезноста на Рахул, не било потребно долго време верверицата да се чувствува безбедно во неговите раце.

Тој го нахранил животното и се грижел за него неколку часа, додека да си ја поврати силата. Тогаш забележал дека кон нив се доближува поголема верверица, која била мајка на новото пријателче на Рахул. Таа била преплашена и се двоумела дали да се доближи, но била очајна да си го земе малечкото и откако се доближила малата верверица се стрчала кон мајка си.

Верверицата си го проверила бебето најмалку 10 пати, пред да се сврти кон спасителот. Рахул не знаел што да направи и само ја испружил раката. Мајката се доближила и ја допрела неговата рака со носот.

Рахул бил зачуден што ја доживеал благодарноста на верверица и се почувствувал благословен. Мајката потоа го зграбила своето бебе и се искачила назад во нивното гнездо.

Фотографот речиси пролеал неколку солзи затоа што не можел да поверува колку е среќен што бил сведок на овој магичен момент на безусловна љубов.

Сподели на Facebook
пати видено