Мајка од Бакингемшир, Англија, Трејси била шпкирана кога навигацијата која си ја купила почнала да го менува гласот и да ѝ кажува пцовки.

Жената првин мислела дека ѝ се причинува, но потоа забележала дека во сред возењето навигацијата со машки глас ја нарекува „motherf*cker“, „сврти десно серко“ или слични погрдни зборови.

Таа ѝ кажала на својата 22-годишна ќерка Џејд, која првин исто така не ѝ верувала, но кога се качила во автомобилот сфатила дека навигацијата навистина е „опседната“. Иако на девојката ѝ било прилично забавно изразот на лицето на нејзината мајка не го покажува истото.

Првин и двете си помислиле дека виновникот зад ова е 17-годишниот син на Тејси и брат на Џејд. Но, кога се соочиле со него тој делувал уште поизненадено од нив и им се „колнел“ дека не го направил тоа. Трејси вели дека му поверувала затоа што тој всушност и немал пристап до нејзиниот автомобил, но и гласот на навигацијата му припаѓа на некој возрасен маж.

Откако видеото станало популарно се јавиле и од компанијата која ги произведува навигациите. ОД таму изјавиле дека тоа е нивниот најстар модел и тој има опција некој со својот глас да си ја модифицира навигацијата. Така што доколку Трејси ја купила на старо најверојатно претходниот сопственик се „играл“ со навигацијата.

За да ѝ биле полесно на жената од компанијата изјавиле дека ќе ѝ го пратат најновиот модел од нивната навигација, кој дефинитивно нема да има „валкан јазик“.

Сподели на Facebook
пати видено