Гарсоњера. Во кујната спие бабата, а во собата зетот и ќерката. Мажот се приближува до жената и тивко ѝ шепнува:
– Ајде!
– Незгодно ми е, мама може да слушне.
– Ајде, ќе бидеме тивки, нема да слушне.
Започнува ритмичко крцкање на кревеотот. По извесно време се слуша извик:
– Оф мамичке!
Мајката се јавува од кујната:
– Кажи ќерко!?
– Ништо мамо, само да ти кажам утре да купиш еден леб.
Бабата лежи во темното и си мисли „Од каде го најде ќерка ми овој гладник. Веќе 4-ти леб за една вечер ми нарачуваат.“

Сподели на Facebook
пати видено