Понекогаш знае да биде стресно кога на децата им објаснуваме некои работи за домашното, но тие никако да нѐ сфатат, но секако не е вредно за срцев удар. Мајка од Кина толку се возбудила додека му ги објаснувала домашните задачи на синот, што за малку ќе умрела од срцев удар.

36-годишната мајка, позната како Ванг, секогаш се интересирала за образованието на нејзиното дете – тој во моментот е во трето одделение во основно училиште. Секоја вечер, во нивниот дом во Хубеи, Кина, Ванг седи да му помогне на својот син во домашните задачи.

Една вечер се покажа како потешка од кога било досега. Таа се обидуваше да го натера нејзиниот син да разбере математички проблем, но тој едноставно не можеше да го сфати.

„Се обидов да му објаснам многу пати. Но, тој сè уште не можеше да одговори правилно. Почнав да се лутам и се чувствував како да ќе експлодирам. Одеднаш, се чувствував заматено и без здив. Брзо го повикав сопругот и го замолив да ме однесе во болница.“, вели Ванг.

Лекарот што ја лекувал 36-годишната жена подоцна открил дека страдала од миокарден инфаркт (уште еден термин за срцев удар). Тој исто така кажал дека доколку дошла покасно во болницата можела да почине од срцев удар. Ванг и претходно го губела трпението додека се обидува да им го објасни домашното на децата, но никогаш не очекувала да претрпи нешто толку сериозно како резултат. Таа сè уште е во болница.

Сподели на Facebook
пати видено