20-годишниот Филип Крег Карпентер, страда од церебрална парализа и не е во состојба да зборува или да се брани. Неговите родители најмиле медицинска сестра со лиценца да се грижи за него додека тие се на работа.

Но, мајката на Филип, Дон Калдвел од Нешвил, Тенеси, забележала промени во однесувањето на нејзинот син веднаш што жената почнала да работи за нив. Затоа таа и сопругот решиле да постават скриени камери за да откријат што се случува, додека тие не се дома.

Родителите биле шокирани кога на видеото, кое можете да го видите подолу, ја фатиле медицинската сестра Малана Смит како му удира шлаканици, го штипе и турка Филип. Мајката вели дека иако не му нанела голема физичка болка Филип е во таква состојба каде што не може ништо да каже ниту да се одбрани, а поради овие трауми подоцна има напади, не сака да спие, ниту пак да јаде.

Дон и нејзиниот сопруг веднаш ја отпуштиле Малана и поднеле обвиненија против неа. Сепак родителите се разочарани, затоа што медицинската сестра ќе добие само забрана за работа од 6 месеци, а потоа ќе може да продолжи да работи како медицинска сестра. Мајката смета дека оваа жена не заслужува да се грижи за вакви луѓе и дека најверојатно нема да го промени однесувањето.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено