„Подобро јас да сум во болки, но тој да е нахранет“

Една мајка стана популарна на интернет откако објави слика како го дои своето бебе во нејзиниот болнички кревет откако паднала по скали. Тамалија Мулер Бенџамин Гринбери-Хал од Менли, Австралија паднала по скали во нејзиниот дом и била одведена во болница. Се наоѓала во нејзиниот болнички кревет со лонгета на вратот и прикачена на бројни монитори, но нејзиниот син бил гладен токму во тој момент.

av01

„Имав инфекција во носот од што ми се вртеше, а и срцево нарушување познато како кардиомиопатија“, изјавила Гринбери-Хал. „Ми се стемни пред очите и паднав по скали.“

av02

И покрај тоа што чувствувала силни болки, мајката одбила да прими средства против болки за да може да го надои своето деветмесечно бебе, кое сѐ уште не сака да се храни од шише. „Подобро да бидам во болки и тој нахранет, особено во ова време кога веќе треба да е в кревет“, вели таа.

За среќа, Гринбери-Хал е добро и поминала само со неколку модринки, но ноќта морала да ја мине во болница.

Сподели на Facebook
пати видено