Мајка од Пенсилванија е обвинета дека го изгладнувала својот син, хранејќи го само со бобинки и ореви. 33-годишната Елизабет Хок од областа Фајет ја загрозила благосостојбата на својот 11-годишен син не обезбедувајќи му доволно храна. Полицијата и роднините велат дека Хок имала крајни гледишта во поглед на начинот на исхрана.

gl01

„Сакаше да живее само на воздух и вода“, вели Бренди Хок, тетка на момчето. Детето, чиишто родители се разведени, покажува бројни пречки во развојот – но неговата мајка велела дека тоа се само алергии.

gl03

„Доби сериозен осип. Има проблеми и со моторните вештини – воопшто не можеше да ги користи рацете“, вели Бренди.

Детето било одведено во болница, каде докторите кажале дека нелекувањето на неговиот осип е нечовечка постапка, и дека постоел ризик детето да падне во септички шок. Покрај тоа, тие известуваат дека кога било донесено, момчето било изгладнето. „Сега живее со својот татко и му оди добро“, вели неговата тетка.

v3

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено