Беата Мариана Де Хесус никогаш не била обвинета за илегално влегување во земјата, но официјални лица одбиваат да ѝ кажат каде е нејзиниот 7-годишен син Дарвин, според нејзината тужба поднесена во вторникот во Федералниот окружен суд во Вашингтон против 6 федерални агенции и 10 високи официјални лица.

Се верува дека тужбата е прва од ваков вид што го оспорува владиното отстранување на одредено дете од родител во текот на одржувањето на федералниот закон за имиграција. Тоа отвора нов правен фронт во она што стана една сеопфатна битка со Белата куќа од една страна и комбинација на демократски законодавци и имиграциски активисти од друга страна.

„Сега мојот главен фокус е да го вратам Дарвин во моите раце. Јас сум мајка, а мајките се борат за своите деца. Се надевам дека мојата борба може да им помогне на другите мајки да го избегнат овој хорор во нивните животи.“, вели Беата.

Во тужбата, таа ја опишува болната сцена кога униформираните агенти влегле во нејзината ќелија и го зеле момчето, кое ја барало неговата мајка. Беата и нејзиниот син влегле во САД во близина на Сан Луис, Аризона, на 19 мај и доброволно се предале на американската гранична патрола „со намера да побараат азил“, според нејзиниот адвокат Марио Вилијамс, поради злоупотреба од страна а брачниот другар, кој бил алкохоличар и се заканувал дека ќе ги убие.

На жената не и била дадена документација за тоа каде се наоѓа нејзиниот син или пак каква е ногвата здравствена состојба. Таа не била обвинета за илегално влегување во државата и Министерството за правда го усвоило нејзиното барање како „веродостоен страв“, уверувајќи ги имиграционите службеници што требало да ја депортираат назад во нејзиниот дом во Кетцалтенанго, Гватемала, дека така ќе ја стават во животна опасност.

Беата добила право на само еден телефонски повик со нејзиниот син и ѝ кажале дека се наоѓа некаде во Феникс. Детето било вознемирено и плачело за време на краткиот повик.

Сподели на Facebook
пати видено