Одам на редовен годишен преглед кај гинекологот и таман да влезам, гледам – пауза за ручек. Си викам – чекај да се вратам до дома да се подзамијам. Се вратив, се измив, се избришав со едно марамче и брзо се вратив назад, да не си го испуштам редот.
Влегувам во кабинетот, легнувам на столот, а докторот промрморува: „Оооф, како добро сте се подготвиле денес!“ – Јас на тоа не му обратив многу внимание…
Се вратив дома и дури вечерта, си седам јас во кујната, а ќерка ми извика од бањата: „Мамо, тука на едно марамче си ги оставив брокатите и светките! Случајно да знаеш каде се?!“

Сподели на Facebook
пати видено