Андреа Дејвисон редовно месечарела, а нејизните најлоши епизоди почнале да се случуваат откако почнала да го гледа нејзиниот татко и свекорот како се борат со рак.

Месечарењето на 41-годишната жена и мајка на 4 деца станувало се поекстремно, се додека еден ден не ги достигнало границите и за малку ја чинело живот.

Сѐ се случило на денот кога нејзиниот татко бил однесен во болница затоа што почнало да му откажува срцето. Вечерта Андреа успеала некако да заспие. Таа почнала да месечари, земала шише белило и почнала да пие од него мислејќи дека е сок. Во еден момент се разбудила и кога сфатила што прави почнала да паничи.

„Мислев дека ќе умрам. Мислев дека ќе се убијам и тоа беше тоа.“, вели таа. Жената веднаш повикала брза помош и првин лекарите мислеле дека го испила белилото за да се убие, додека не успеала да им објасни дека го направила тоа месечарејќи.

„Таа ноќ се разбудив додека пијам белило. Ми го изгоре целото грло… најверојатно сум мислела дека е нешто за пиење. Го држев шишето со белило во едната рака и бисквит со ореви со другата рака. Не знам колку сум испила, но се разбудив додека го пијам како да е сок. Се обидов да повратам, а потоа повикав брза помош. Болничарите можеа да го намирисаат од мојот здив.“, вели Андреа.

Мајката ја поминала ноќта во болница, но веќе наредниот ден била дома и за среќа немала компликации. Андреа страда од парасонија, која вклучува правеење на секојдневни работи во сон. Андреа редовно се буди на бизарни места, и повремено се буди во градината во пижами.

Андреа исто така ги крие клучевите од автомобилот, затоа што еднаш месечарејќи отишла кај нејзината мајка со автомобилот и за среќа ништо не ѝ се случило.

Сподели на Facebook
пати видено