Мајка од Флорида пред една година пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка исчезнала, откако избегала од дома. Девојчето било проблематично и полицијата никако не можела да ѝ влезе во траг.

Еден вработен во ресторан за брза храна за забележал пред неколку месеци, но додека да повика полиција таа влегла со повозрасен маж во црн автомобил и се упатила во непознат правец.

Во септември мајката на девојчето се јавила во полицијата за да им каже дека ја пронашла нејзината ќерка на видео. Но, видеото не било обично. Станува збор за видео кое го пронашла на Pornhub, вебсајт за порнографска содржина (за оние кои демек не знаат). Потоа полицијата пронашла уште неколку видеа од тинејџерката каде што е сосема гола или топлес и задоволува двајца мажи.

Идентитетот на едниот маж бил откриен. Станува збор за 30-годишниот Кристофер Џонсон, кој иако бил препознаен на видеото не признава дека имал се*суален однос со тинејџерката. Девојчето и Кристофер биле фатени од полицијата додека се возеле во неговиот автомобил. Кристофер завршил во затвор, а девојчето им кажало дека видеата биле направени во неговиот стан и дека тој еднаш ја забременил, но ја однел во клиника за абортус.

Сепак девојчето не изјавило дека била приморана да направи некој од се*суалните чинови. Видеата освен на Порнхаб се појавиле и на други вебсајтови за порнографска содржина како и на социјалната мрежа Снепчет. Сѐ уште не се знае идентитетот на вториот маж од видеото, а Кристофер е во притвор и го чека своето судење.

Сподели на Facebook
пати видено