Жена е фатена на камера како краде пари од 94-годишен ветеран во морнарицата на САД. Хедер Велдон, која влегла во домот на ветеранот Томас Хендрикс, во Џорџија, заедно со нејзиниот сопруг и двете деца, земала пари од паричникот на старецот.
Таа успеала да најде само 40 долари, кои ги ставила под фустанот.
Томас живеел со негувател, кој во тој период не бил во куќата. Не се знае со која намера семејството било во домот на ветеранот, но се верува дека влегле со измама. Ниту негувателот, ниту г-дин Хендрикс не го познаваат семејството. На видеото се гледа како старецот ги води луѓето низ куќата додека децата му поставуваат прашања, а Хедер вели дека мора да оди до тоалет и тогаш ги зема парите од паричникот на Томас.
Идентитетот на жената бил откриен од страна на полицијата откако видеото било објавено и таа самата од нејзиниот Фејсбук профил коментирала дека не е виновна за ништо. Таа напишала: „Не крадев од него, сѐ беше едно големо недоразбирање…Зборував со човекот и сѐ е средено сега!“ Полицијата спроведува истрага, а Велдон може да се соочи со прекршочна одговорност за кражба.


