За паровите кои сонуваат да започнат семејство, нема ништо потажно од тоа да им соопштат дека не се физички способни да имаат дете. Додека има повеќе опции од кога и да било деновиве – третманите со инвитро имаат околу 40% стапка на успех, а ова е скапи и одзема многу време и нема гаранција за успех.

Повторниот неуспех за забременување може да предизвика сериозна тензија во врската, па дури и нарушување на менталното здравје на парот.

Посвојувањето е следниот логичен чекор. Дури и овој процес е полн со неизвесност затоа што има многу проверки и чекори што треба да се поминат, а исто така може да биде и многу скап. Можеби тоа е причината зошто само два проценти од американските семејства избираат да посвојуваат.

Ова е Принстон. Неговата мајка, Киа Болдвин, го води блогот „Подигање култури“, во кој ги споделува нејзините приказни за згрижувачко родителство, посвојување и животот во повеќерасно семејство.

Киа и нејзиниот сопруг Ричардо се во брак 9 години. Иако Киа имала една биолошка ќерка (Заријах, 16) од претходната врска, таа и Ричардо сакале да го одгледуваат своето семејство на „традиционалниот“ начин. За жал, на нив им било многу потешко отколку што очекувале. По неколку спонтани абортуси, тие се обратиле на специјалист за плодност за помош.

Киа објаснува дека првин со месеци, а потоа со години трошеле пари на третмани и лекови за плодност. „Станав горчлива и депресивна затоа што не сакав ништо повеќе од тоа да имам бебе со мојот сопруг и да ѝ дадам брат или сестра на нашата ќерка“. На крај се одлучиле да посвојат девојче на иста возраст со нејзината ќерка која вусшност ѝ била соученичка. Потоа посвоиле и уште едно момченце. И двете деца имаат темен тен, така што Киа немала некои „општествени проблеми“ со нив.

Но, еден ден Киа добила повик од организацијата и ѝ кажале дека во болницата има напуштено бебе на кое му е потребна мајчинска грижа и дали ќе сака да оди да го земе. Жената не се двоумела, но кога дошла во болницата прилично се изненадила. Докторката во рацете и дала машко, бело бебе, со сина коса и очи.

Првата реакција на Киа била чудна и прашала зарем нема некоја жена од белата раса да се погрижи за него, но веднаш потоа сфатила дека тоа не е соодветен начин на размислување и го однела детето дома.

Сите го засакале малиот Принстон и тој станал „светлата точка“ во семејството. Но, општеството не мисли така. Киа неколку пати завршувала во станица и непознати луѓе ѝ викале обезбедување и полиција загтоа што мислеле дека го украла детето.

Таа вели дека еднаш била држана како „заложник“ во ресторан бидејќи вработените не ја пуштале да излезе под изговор дека „нема шанси“ детето да е нејзино. Исто така ѝ се случило во супермаркет маж да извади телефон и да почне да ги снима Киа и Принстон, а кога жената го прашала зошто го прави тоа и веднаш да престане, тој ѝ рекол дека собира докази за полицијата.

Освен вакви инциденти Киа добива и непристојни прашања и коментари, без разлика дали е од луѓето од црната или белата раса. Едни од најнепристојните биле: „Зошто не го оставиш детето да расне со неговиот вид?“ „Зарем нема доволно црни деца за посвојување?“ „Ти си му сигурно бејбиситерка?“ и сл.

Сепак Киа вели дека таа не одлучила да го задржи детето поради бојата на кожата туку поради мајчинската љубов и вели дека преку нејзиниот блог сака да ја разбуди свеста кај луѓето дека бојата на кожата е најмалку важна кога станува збор за љубов.

Сподели на Facebook
пати видено