Млада мајка решила да ја прекрати нејзината бременост откако дознала дека во себе носи фетус кој личи на сирена. 23-годишната Ву била во шестиот месец на бременоста кога била прегледана од доктори во градот Јичанг, во централната кинеска провинција Хубеи. Скенирањето покажало дека нејзиното дете нема две нозе, туку израсток кој наликува на опаш. Покрај тоа, фетусот немал мочен меур и имал закржлавен црн дроб.

sr01

Докторите ѝ кажале на Ву дека фетусот страда од нарушување наречено сиреномелиа, или „синдром на сирена“, ретко вродено нарушување во текот на кое нозете се спојуваат и добиваат изглед на опаш на сирена. И покрај тоа што детето го носела половина година, Ву решила да ја прекине бременоста откако специјалистите процениле дека тоа по раѓањето би можело да преживее само неколку часа.

sr02

Причинте за синдромот „Сирена“ се сѐ уште медицинска мистерија, и се вели дека се јавува еднаш во 100 000 пати. Шилох Пепин, Американка која била наречена „Девојчето Сирена“ е еден од најдобро документираните случаи на сиреномелија. И покрај тоа што била подложена на 150 хируршки зафати во нејзиниот релативно краток живот, таа сепак починала во 2009 година на десетгодишна возраст.

sr03

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено