Кога ја почнавме битката за првиот син, еден психијатар многу ни помогна. Тој ни кажа за еден експеримент во Англија, каде што мајките на болните деца, секоја вечер правеле еден едноставен ритуал. Откако детето ќе заспие, тие ја чекале активната фаза на сонот, по околу 15 минути и им зборувале на своите деца со едноставни зборови: „Те сакам. Се гордеам со тебе. Многу ми е мило што си мој син. Ти си најдоброто дете во светот.“

Подоцна според истражувањето е заклучено дека децата кои биле под оваа терапија, каде што мајката им искажувала љубов, оздравувале побрзо во споредба со оние деца кои имале слични дијагнози, но не биле дел од овој третман. Веднаш почнавме да го применуваме. За разлика од сите други терапии, оваа е едноставна, бесплатна и секогаш остварлива. Најнапред почнав да му ги кажувам истите зборови, но потоа почнав да правам мои сопствени импровизации. Поминаа веќе пет години, но јас и до денес продолжувам да му ги шепкам тие зборови на моите момчиња. На секој од нив, скоро секоја ноќ.

Тешко е да зборувам за конкретни резултати, но Дани веќе нема аутизам и јас сум сигурна дека моите шепотења одиграа голема улога. Но треба уште нешто да се напомене- магијата функционира во две насоки! И мајката и детето добиваат нешто големо и важно.

Чувство на блискост

Ова чувство не може да се спореди со ништо друго. На колку и години да се децата, кога спијат тие личат на мали ангелчиња. Во текот на денот не секогаш лесно да ги прегрнеш или да ги земеш во раце. Но ноќе јас ги прегрнувам и им зборувам за работите кои се важни за нас… и чувствувам како се зближуваме.

Индивидуално внимание

Во текот на денот кога се играме, храниме и комуницираме, ние сме сите заедно. А ноќе јас одвојувам од моето внимание, индивидуално за моите деца и им се обраќам со различни зборови… точно онаа што сум сакала да го кажам на секое од децата. Можам да кажам нешто важно што во текот на денот може и да не биде слушнато. Секој ден е различен. Понекогаш децата, живеејќи во својот свет, добивајќи изобилство од информации, може и да не се однесуваат сосема добро. Што малку го комплицира комуницирањето со нив. А кога навечер им шепотам колку ги сакам и се гордеам со нив, се друго станува минато. Сите кавги забелешки и недоразбирања исчезнуваат.

Детето ја чувствува љубовта

Некаде прочитав дека е добро на децата почесто да се кажуваат фразите: „Знаеш, ако можевме да избираме, од сите деца на светот ние би те изберале токму тебе!“ Се сеќавам кога прв пат го реков тоа на еден од моите синови, тој западна во восхит и одушевување истовремено. Цел ден одеше и повторуваше: „Што, навистина ли мене?“ И бидејќи тој е особено зборлест, постојано зборуваше дека тој исто така би не избрал нас за родители и своите браќа.
Сфатив колку е важно за децата да се чувствуваат дека се посебни, дека се важни и потребни – и тоа токму такви какви што се.
Сега, оваа реченица, заедно со „Ти реков ли денес колку те сакам?“, се присутни во нашиот секојдневен живот.

Секоја мајка може да си избере свои волшебни фрази кои што ќе ги шепка на детето. Но важно е да се потрудите за нив, да постапите вака од срце, а не да ви биде товар. Најсложените работи се случуваат внатре. За да бидат овие зборови магични вие треба да се поврзете со оваа магија. а енергијата која им е потребна на вашите деца се наоѓа во нашето срце.

Понекогаш, за да ги кажеш овие едноставни зборови, најнапред треба да кажеш нешто слично на своите родители (барем во срцето). Познавам една девојка која за време на својата прва сесија плачеше на приспивна песна, поради својата сопствена болка од детството. Но магијата токму затоа е магија – за да лекува! Во таа смисла и нашите, мајчински срца.

Сеансата не треба да е подолга од 3 до 5 минути, но треба да е исполнета со многу емоции. Со мали чекори, но редовно. И не заборавајте да кажувате такви фрази и во текот на денот, така случајно, без повод. Тоа се зборовите кои децата ќе ги паметат цел живот.

Магијата на мајчинските зборови е секогаш на располагање. Не чини ништо. Едноставно мора да почекате вашето дете слатко да заспие и да му прошепнете нешто важно … “Те сакам. Се гордеам со тебе. Ти си најубавото дете на светот … ”

Што може да биде посилно и поволшебно од таквите зборови, кои излегле од срцето на една мајка?

Сподели на Facebook
пати видено