Длабоко во Амазонската прашума, во Мајантајаку, Перу, тече река којашто е толку жешка што навистина врие. Локалните жители ја нарекуваат „Шанај-тимпишка“, што би се превело со „зовриена од топлината на сонцето“. Тие веруваат дека жешката вода ја испушта џиновска змија којашто ја нарекуваат Јакумама, „Мајка на водите“, којашто е претставена со огромна карпа во облик на глава на змија кај изворот на реката.

Реката е широка околу 25 метри и длабока 6 метри, но е долга само 6.4 километри. Температурата на водата се движи од 50 до 90 степени Целзиусови, при што мали делови од неа достигаат до 100 степени, што е доволно жешко да предизвика изгореници од трет степен за само неколку секунди. Многу несреќни животни паднале во реката и загинале. Има и други топли извори во Амазон, но ниеден не е толку голем како Шанај-тимпишка.

rk01

Секоја година, група туристи го посетуваат МАјантајаку за да се запознаат со традиционалната медицина на народот Ашанинка. Но, покрај неколку нејасни референци во журнали за нафта од 1930-те, не постои никаква научна документација за реката. Некако ова природно чудо успеало да избегне да биде забележано од светот повеќе од седумдесет и пет години. За повеќето Перуанци, оваа река е само легенда. Геолозите го отфрлувале нејзиното постоење бидејќи сметале дека би била потребно огромно количество на геотермална топлина да се зоврие дури и мал дел од една река, а амазонскиот базен лежи на 643 километри од најблискиот активен вулкан.

Андре Рузо, геотермален научник при Јужниот методистички универзитет, немал никаква причина да верува дека реката постои, но приказната го интригирала. Рузо првпат слушнал за реката од неговиот дедо, кога имал дванаесет години. Според приказната, реката била откриена од страна на шпанските конквистадори кога се упатиле длабоко во прашумата во потрага по злато. Некои од луѓето кои се вратиле раскажувале за опасна земја со отровна вода, змии кои јадат луѓе, глад, болести и зовриена река која извира од длабочините.

Дваесет години откако дедо му му кажал за реката, Рузо најпосле нашол некој кој навистина ја видел реката – неговата сопствена тетка.

Рузо напишал книга за овој феномен, „Реката која врие: авантура и откритие во Амазон“. Исто така, тој врши и детални геотермални проучувања на вриечката река, соработувајќи со геолози и микробиолози за да ги проучи екстремофилните организми коишто живеат во врелите води. Рузо се надева дека неговата книга ќе привлече внимание кон ова природно чудо, како и кон растечката закана со која се соочува поради дивосечачите.

„Среде пишувањето на мојата докторска дисертација, сфатив дека оваа река е природно чудо“, вели Рузо, „и нема да потрае долго освен ако не сториме нешто во врска со неа.“

rk02 rk03 rk04 rk05 rk06

Сподели на Facebook
пати видено