Во празниот селски двор седат мачорот, петелот и кучето. Петелот им вели:
– Преку глава ми дојде веќе од сѐ. Утре ве будам за последен пат и заминувам од тука. Кокошки веќе нема, храна нема. А вчера кога поминував покрај кујната слушнав дека ќе готвеле пилешка супа во сабота.
Мачорот воздивнал и рекол:
– Да и јас ќе тргнам со тебе. Кравата ја продадоа, ни млеко има ни сирење. Сите глувци веќе ги изедов… Нема зошто да седам.
Кучето срамежливо ги погледнало и рекло:
– Јас па решив да останам уште една недела.
– Зошто реши така?
– А бе вчера ја слушнав газдарицата како го кара газдата. На крај му вели: „Ако и оваа недела не донесеш плата, ќе му ја лапаш на Шарко онаа работа!“ Пааа, ќе си почекам јас…

Сподели на Facebook
пати видено