67-годишниот Брајан Паркер, сопственик на милениче бил скршен откако една од најстарите мачки во светот била застрелана од страна на тинејџери хулигани. Мачката била стара 25 години, што е еднакво на 118 години човечки живот. Хулиганите двапати ја застрелале мачата со воздушни пушки одблизу, еднаш во стомакот и еднаш во лицето, истерувајќи ѝ едно око.

Брајан веднаш ја однел мачката на ветеринар, но му кажале дека проектилот завршил премногу блиску до нејзиниот мозок и дека ќе мора да биде усмртена. „Таа беше толку здрава и во добра форма што сигурно ќе живееше уште многу години. Сигурен сум во тоа“, вели Брајан. „Не можам да разберам зошто луѓе би застрелале мачка која никому не му прави ништо лошо. Одвратно! Таа беше навистина дружељубива и секогаш бараше внимание.“

Да не била убиена, оваа мачка имала шанси да стане најстарата мачка во светот.

mc01 mc02 mc03

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено