Ноланд, кутрето питбул, бил отфрлен од неговата мајка. Ова мало кутре на крајот го одвеле во Лигата за заштита на животни во Кливленд, САД, кадешто било згрижено од крајно невообичаена сурогат мама – мачка!
Луѓето од персоналот во засолништето за животни решиле дека најмногу шанси ќе има ако се придружи на мачињата Ривет, Еспа, Зикси и Тејлидаб. Но, се прашувале дали нивната мајка ќе го прифати кутрето. И неверојатно, но мачката Лурлин го примила со раширени шепи, никогаш не оставајќи го само.