Да бидеме реални, малите животни се слатки, без разлика дали се кучиња, мачиња, патчиња, тие се неодоливи и ќе им дозволиме да се извлечат со било кој хаос, само затоа што ни ги топат срцата. Ова добро го знае и Харјанто, сопственикот на мало палаво маче.

Мачето се играло со неговите слушалки на креветот и во еден момент тој сфатил дека мачето му ги изгризало слушалките, во лутина му викнал на мачето и тоа избегало од куќата. Мачето го немало околу еден час и потоа се вратило со „подарок“.

Малото животно нашло нови „слушалки“ за својот газда. За жал слушалките биле малку „живи“, затоа што станува збор за мала змија. Сепак, кој би можел да му се налути по ваков гест?

Сподели на Facebook
пати видено