Џестико и Вајлс знаат како да дизајнираат домови и згради за живот на висока нога но со намалени трошоци. Во своето портфолио веќе имаат неколку проекти за хотели со 5 ѕвезди. Во нивната приватна вила близу Прага го споиле обмислениот минималистички дизајн со најновата технологија за заштедување на енергија. Прочитајте повеќе за карактеристиките на овој дом со помош на кои освоил највисока оценка од европска А-класа за заштедување на енергија.

vl01

Ова е дом кој самиот мисли, употребувајќи ја најновата технологија. Контролата за автоматско оптимизирање на температурата користи моментни податоци од временската станица на вилата за да обезбеди максимална енергетска ефикасност. Добрата изолација и трослојните прозорци ја намалуваат енергетската потреба. Кога има потреба од затоплување, термопумпите и соларните панели обезбедуваат доволно затоплување и топла вода без никаква потреба од фосилни горива.

vl02

Сивкавата структура е интелегентно сместена во просторот со проѕирно лице свртено кон југ што најдобро ја исползува природната сончева топлина и светлина. Издадените балкони и конзолниот покрив го спречуваат прекумерното загревање лете и обезбедуваат удобна сенка на дрвената веранда.

vl03

Врската помеѓу внатрешноста и надворешноста на вилата е беспрекорна. Се влегува преку широка стаклена врата и се соочувате со директен пејсажен поглед кон градината. Во серијата отворени простори за дневен престој ве пречекуваат уметнички дела осветлени со природна светлина. Прозорците без рамки на приземјето ја истакнуваат врската со градината.

vl04

Централна точка во куќата се скалите од природен даб, релаксиран начин да се влезе во спа просторот на долниот кат и спалните соби на горниот. Спалната соба гледа кон синото небо врамено со пикторескната градина. Одвоената обложена гаража ја изложува колекцијата на автомобили на сопственикот.

vl05

vl06

vl07

vl08

vl09

vl10

vl11

vl12

Сподели на Facebook
пати видено