Рајан Мекормик уште како дете сонувал да стане пилот. Тој со години го следел сонот и конечно по долги години учење станал Капетан на ПСА ерлајнс.

Сепак понекогаш може да се случи од одредена причина летот да биде одложен и патниците да чекаат со часови заглавени на аеродромот. Вакво нешто му се случило и на Рајан, но приказната доби необичен пресврт.

На истиот лет требала да биде и мајката на Рајан, Мери. Кога им соопштиле на патниците дека летот е одложен и дека ќе требаат да чекаат 7 часа или да одат со друг авион, сите патници ја прифатиле втората понуда што е ѝ разбирливо.

Единствено мајката на Рајан била одлучна да го чека својот син и тој да ја однесе до дестинацијата. Мери која и самата е пилот во пензија, одлучно чекала 7 часа, за на крај да сфати дека добила „приватен лет“ кој бил управуван од нејзиниот син.

Таа била еднствениот патник во авионот и по фотографиите може да се забележи дека бескрајно се забавувале за време на летот.

Сподели на Facebook
пати видено