Луѓето со аутизам имаат чувства исто како и сите други, но се склони на нарушување коешто ја спречува емпатијата, се открива во ново истражување. Неспособноста да се препознаат чувствата на другите и тешкотиите да се искажат сопствените чувства и мисли со зборови се всушност предизвикани од друго нарушување наречено алекситимија. Социјалната стигма кон луѓето со аутизам предизвикува тие да се опишуваат како „студени, недруштвени и незаинтересирани за другите“, велат научниците. Но нарушувањето алекситимија – кое може да се сретне и кај другите луѓе – двојно повеќе се среќава кај луѓето со аутизам.

au01

Луѓето со алекситимија често не умеат да ги разберат своите чувства, како и чувствата на другите. Истражувачите од Интернационалното училиште за напредни студии во Италија и Виенскиот универзитет велат дека нивните откритија ќе помогнат да се стави крај на стереотипот кој го зголемува чувството на изолираност.

„Аутистичките особености се поврзуваат со нормална грижа за другите и всушност тие многу повеќе се плашат да не предизвикаат некаква штета на другите луѓе“, вели главниот автор Идрајеет Патил. Погрешниот стереотип најверојатно се должи на еден друг личносен конструкт, кој често се среќава кај аутистичното население, но исто така може да се сретне и кај другите. Тоа нарушување се вика алекситимија.“

Нарушувањата во аутистичкиот спектар се група на невро-развојни нарушвања кои погодуваат околу едно од сто деца. Тие се одликуваат со потешкотии во социјалната интеракција, комуникацијата и нарушувања во говорот, како и со стереотипи и повторувања во однесувањето. Интелигенцијата кај луѓето со аутизам исто така варира помеѓу две крајности – од луѓе со сериозна попреченост во развојот, до натпросечна интелигенција.

Сподели на Facebook
пати видено