Најголем приоритет за бездомните луѓе е да си обезбедат скромен оброк барем два пати на ден. Сепак оваа мисија не е толку лесна како што звучи.

Но, што ако можеме да фатиме „две муви со еден удар“? Во исто време да им помогнеме на овие луѓе, а за возврат да ја спасиме животната средина? Звучи невозможно, но е прилично лесно и така постапува овој ресторан во Индија.

Градот Амбикапур во централната индиска држава Чхатисгар им дава бесплатна храна на сите кои собираат ѓубре од своите улици. Бездомните луѓе што живеат таму можат да земат бесплатен оброк за секој килограм ѓубре што го собираат или дури и да добијат значителен појадок за 500 грама ѓубре.

Слични ресторани веќе постојат во некои делови на САД, Европа, па дури и во Камбоџа, но оваа иницијатива оди чекор понатаму со користење на целиот пластичен отпад за изградба на посилни патишта во градот, за кој се вели дека е најчист град во Индија.

Амбикапур веќе има еден пат низ градот кој е целосно направен од 800.000 пластични кеси собрани од прекумерн отпад во областа Годпур што е совршен начин да се користи пластиката, за која што веќе знаеме дека може да предизвика огромни проблеми ако се остави на отпад. Не само тоа, патиштата направени од овие материјали, исто така, се смета дека ќе траат подолго и ќе бидат поотпорни на поплави и оштетувања од вода.

Додека другите градови во Индија и се разбира, низ целиот свет остануваат длабоко во ѓубре, се чини дека сите би можеле да ѝ се приклучиме на оваа иницијатива.

Сподели на Facebook
пати видено