Тоа што за едните е отпад, за другите е богатство – а во овој случај тоа станало ласерска базука. Употребувајќи отпадни делови и електроника, корисник на Јутјуб со корисничко име „стиропоро“ изградил пренослива ласерска базука којашто произведува светлосен зрак со моќност од 200 вати. Создателот на овој смртоносен зрак вели дека директен погодок во очите би бил 33 пати посилен од поглед кон сонцето.

„Оваа ласерска базука ја изработив целосно од отпадни делови и расипана електроника“, објаснува тој. „Неверојатно колку е опасно ова чудо. Морав да направам и заштитна маска за да не ослепам користејќи го“.

Сподели на Facebook
пати видено