Често се случува луѓето да се возат со автобус, воз или метро без да платат карта. Но, не се случува толку често ваквата постапка да има толку „фатални“ последици. На најлошото не се надевал и овој маж кој сакал да ја прескокне вратата за да не прати карта за метро во Лондон. Во моментот кога скокнал неговата „машкост“ се заглавила во вратата и тој почнал да вреска.

Полицијата и персоналот од метрото се обидувале да му помогнат на младиот црнец кој бил целосно во агонија. Луѓето почнале да се собираат околу мажот, затоа што тој почнал да вреска погласно. Некои од набљудувачите предложиле да донесат путер. Полицајците успеале да го ослободат, а човекот добил аплауз од „публиката“.

Пред да си замине се гледа како ги гушка полицајците и член од персоналот кои му помогнаа да не го изгуби „највредното нешто“. Кармата е опасна работа, зарем не?

Сподели на Facebook
пати видено