Професорите Хајди Апел и Рекс Корофт, од Универзитетот во Мисури,  направиле еден експеримент со кој поставиле гасеници на листови на растението познато како Арабидопсис, мало цветно растение од родот на зелката. Откриле дека растението испушта звуци кога гасеницата го гризе листот, па тоа се обидувало да се одбрани. Во друг експеримент, кога растенијата го слушале ветрот и звуците од нивната животна средина, тие не покажувале знаци на одбрана. Во минатото се извршени експерименти врз растенија каде тие биле изложувани на акустични звуци и гласна музика, но нивната реакција не била толку очигледна како во случајот кога тие служат како храна.

Во случајот кога листовите на растението биле џвакани од страна на гасеницата, тоа испуштало вибрации и звуци со што реагирало.  Знаците биле прикажани на ласер и еден мал рефлективен елемент кој бил поставен на листот,  а се придвижувал при промена на вибрациите. Реакцијата на растението дополнително предизвикала тоа да го промени својот хемиски состав, имено да создаде одбранбени хемикалии кои можат да бидат штетни по метаболизмот на човекот.

Сподели на Facebook
пати видено