Полицијата од Модесто, Калифорнија почнала да користи нов софтвер наречен „PredPol“, кој треба да предвиди каде ќе се случи наредното злосторство. Тие собрале податоци за криминалот во тој регион од последните 10 години и ги внеле во софтверот, кој користи алгоритам за да даде препораки каде да патролираат. „Жариштата“ определени од „PredPol“ се идентификувани во мали црвени квадрати на област од 150 на 150 метри, на Гугл Мапс.

„Провалниците и крадците работат на математички начин, без разлика дали се свесни за тоа или не.“, изјавил шефот на полицијата Гален Керол од Модесто, Калифорнија.

Технологијата почнала да се развива во Санта Круз, Калифорнија. „PredPol“ има бизнис модел инспириран од Силиконската долина. За пристап до софтверот, полициските оддели се обврзани првин да се упатат кај други агенции и да се појавуваат на конференции за печатот кои го поддржуваат производот пред да го тестираат. Како резултат на тоа „PredPol“ го одбираат голем број на полициски одделенија од Такома до Лос Анџелес и Атланта.

Но голем број на експерти не верува во точноста на овој софтвер. Ако ја ставите полицијата во една област и таму се вршат голем број на апсења тоа станува област со висок криминал. Бидејќи стапката на криминал се однесува на стапката на апсења а не на тоа дали навистина има криминал, доколку би имало повеќе полиција во предградијата отколку во градот стапката на криминал можеби би се зголемила и таму. Бидејќи полицијата внесува стари податоци за тоа каде веќе биле, некои експерти го сметаат тоа за вртење во круг и тврдат дека полицијата сама ги обликува податоците.

Сепак оваа технологија сега за сега ќе служи само како замена за „претчувство“ и не гарантира сигурни информации.

Сподели на Facebook
пати видено