„Нептун haPPy“ програмата за лојалност овој месец го прославува својот прв роденден. За таа цел Нептун подготви голем број изненадувања, промоции и подароци за своите лојални haPPy -корисници.

Како дел од роденденските изненадувања, промотивно до 12 јули Нептун нуди специјална можност за аплицирање за haPPy – кредит без апликативни трошоци. Се што треба да се направи е да се посети најблиската Нептун продавница, да се одбере саканиот продукт и да се аплицира за кредит, по што се добива инстантно одобрување и продуктот може да се подигне за само неколку минути.

Членовите на „Нептун haPPy“ програмата за лојалност добија низа поволности и бенефиции како: големи промоции и попусти, наградни поени, бесплатна достава, поддршка, монтажа, а од оваа година и осигурување на продуктите од сите ризици до 3 години и можност за купување на рати со haPPy – кредит директно во Нептун продавниците, преку брза и едноставна процедура, за само неколку минути.

Станете дел од големото haPPy – семејството на Нептун и уживајте во бенефициите.

Нептун Македонија ДОО Скопје е основана во 1998 година и е дел од групацијата Нептун Интернешнал. Нептун е малопродажна мрежа со широк асортиман на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, фото апарати и камери, лична нега и убавина, ладење, греење и комуникации. Во моментов, мрежата на Нептун опфаќа 19 продавници во 17 градови во Македонија.

Сподели на Facebook
пати видено