Лара Хурст од Индијана (САД) толку многу ги сакала змиите што дома чувала 140 притаени суштества, со различни големини и различни степени на токсичност. Лара искрено верувала дека змиите се најдобрите суштества, дека таа ги разбира и тие ја сакаат.

Како резултат на тоа, 36-годишната сопственичка на „куќата на змиите“ беше пронајдена мртва од полицајците, кога на повик од пријателите пристигнале да ја проверат нејзината куќа, откако Лара престанала да контактира. Полицајците ја нашле обвиткана со три метри долг питон, кој ја задавил.

Властите рекоа дека ќе извршат обдукција за секој случај, но причината за смртта е повеќе од јасна. Можеби е попаметно да се одгледуваат зајаци?

Сподели на Facebook
пати видено