Изгледајќи како преголема црвена плевна, лизгачката куќичка на студиото за архитектура и дизајн дРММ има многу посложена фасада. Проектот опфаќа три одделни згради (куќа, гаража и анекс за гости) и била изградена со намера на сопствениците да им се овозможи да одгледуваат храна, да се забавуваат и целосно да уживаат во пејсажот околу нив. Секој сегмент на имотот во Сафолк, Англија е поврзан со 20-тонско куќиште кое се придвижува со помош на мотор лизгајќи напред и назад за да создаде најразлични амбиенти за домот.

Како бегство од статичната архитектура, куќата на сопствениците им овозможува бескрајни можносит да живеат удобно и слободно во секое годишно време. Дури има можност и да се издолжи покривот повеќе од неговата сегашна должина за да покрие базен, доколку сопствениците решат да изградат таков во нивниот двор.

Иновативниот станбен проект бил завршен во 2009г. и му е доделена награда од страна на Кралскиот институт на британските архитекти, а исто така ги освои наградите „Најдобра нова градба“ и „Дом на годината“ на доделувањето на Наградите за голем дизајн за 2009.

front

night

Sliding_House

Sliding_House3

Sliding_Image6

Сподели на Facebook
пати видено