Постојат настани во животот, кои едноставно сакаме да ги штиклираме. На пример „Прочитав 100 книги“, „Скокнав со падобран“, „Го посетив Париз“ и слично. Ние се стремиме да го зголемиме бројот на таквите маркирања, и сега е најдобро време да ги ставиме.

На крајот на краиштата, почетокот на годината е како голем понеделник, кога сите ветуваат дека ќе станат подобри и ќе постигнат големи цели. Но, како да го направите тоа правилно? Еве една листа од 10 основни предизвици кои би можеле да станат ваши приоритети.

10. Читајте по едно поглавје од книгите секој ден.

Зошто само поглавје, а не веднаш целата книга? Добивањето информации во мали делови се нарекува микро-учење. На кратки сесии до 25 минути, мозокот подобро ги апсорбира информациите, а меѓу нив има време да се релаксира и да го „свари“ она што го чита.

9. Обидете се со флексибилна исхрана

Јадењето зеленчук е корисно. И месото е исто така корисно. Затоа, најдобро решение би било да се најде златна средина. Флексибилната исхрана е рамнотежа помеѓу растителната храна и месото.

Направете мени за секој ден: тоа ќе ви помогне да не се збуните секој пат додека готвите, а исто така ќе ви биде полесно да се држите до планот.

Поставете цели и забележете го резултатот – тежина, боја на кожа, број на мозолчиња, итн.

8. Учете 5 нови зборови секој ден.

Ако научите 5 странски зборови секој ден, тогаш во еден месец ќе научите 150 зборови, а за една година 1.825 зборови ќе бидат доволни за да комуницирате на не-мајчин јазик цел ден на речиси секоја тема. И за половина година ќе можете да читате весници, книги и класична литература.

7. Не се жалете, не осудувајте и не озборувајте

Кога се жалите не го забележувате доброто, ги уништувате своите таленти и го расипувате расположението за себе и за другите. Ова е доволно за да си ветите дека во наредните 30 дена нема да се жалите, нема да осудувате и нема да озборувате. И тогаш ќе видите како ќе се промени вашиот живот.

6. Будете се 30 минути порано

Да да бидте задоволни потребно е да станете малку порано. Не зборуваме доколку треба да станете во 8 да го навиете алармот во 6, туку едноставно станете 15-30 минути порано и ќе видите како ќе имате време да испиете чаша кафе, да прочитате нешто или да ги однесете децата на училиште.

5. Секој ден запишувајте по 10 идеи

Ако напишете 10 идеи за разни теми секој ден, тогаш на крајот од месецот ќе имате над 300 идеи. Можете да напишете повеќе – 15, 20, 100. Можеби ќе ви текне да започнете нов бизнис, нов начин на живот, да основате рок бенд или едноставно да промените некои ситни навики.

4. Секој ден подготвувајте различно јадење

Секој ден не треба да ги јадете истите работи, па дури и во текот на целата недела не се препорачува јадењето да се повторува. Затоа направете си распоред за различни јадења во сите денови од неделата. Експериментирајте со рецепти.

3. Штедете секој ден по 50 денари

Во зависност од тоа каков е вашиот стандард секогаш настојувајте да заштедите колку што е можно повеќе. Сакате да купувате цигари слатки, алкохол? Овие пари ставете ги како заштеда. Најдобро е да си дадете намена за што ги штедите парите и така полесно ќе ги тргате на страна. Ова се однесува и во ситуации кога ќе ви останат ситни парички од кусур.

2. Правете ја вежбата „штица“

Факт: штицата е една од најдобрите вежби кои ги развиваат основните мускули и помагаат во забрзувањето на метаболизмот. И со оглед на фактот дека за штица треба многу малку време, вреди да се прави тоа секој ден. Ние направивме план за 30 дена, што ќе помогне да не се изгубите во време и да развиете навика.

1. Гледајте ги најдобрите филмови

Ако сакате да гледате филмови, тогаш само погледнете ги најдобрите кои носат длабоко значење, инспирација и раскажуваат убава приказна.

Сподели на Facebook
пати видено