Кога велиме грдото пајче, акцентот е на грдото. Лили Понс е интеренет феномен и првата личност која успеа да постигне 1 милијарда гледаност на своите Vine видеа. Својата слава таа ја префрли и на Инстаграм (20 милиони следбеници) и на Јутуб (6 милиони следбеници).

Таа е родена како Елеонора Понс Маронесе во Венецуела, а се преселила во САД на 5 годишна возраст.

Понс влезе во листата на 30-те највлијателни луѓе за 2016 година според магазинот Тајм.

Таа беше рангирана на 8-мо место на највлијателни луѓе во забавната индустрија според реномираниот бизнис магазин Форбс.

Претпоставуваме дека талентот ја однесе до таму каде што е, затоа што во денешно време секој може да купи убаво лице.

Сподели на Facebook
пати видено