„Проект за ослободување од смог“ е серија урбани иновации предводени од Холанѓанецот Дан Русгард за намалување на загадувањето и обезбедување инспиративно искуство за чиста иднина. „Кулата за ослободување од смог“, „Прстенот за ослободување од смог“ и „Велосипедот за осободување од смог“ обезбедуваат локално решение за чист воздух на јавни места.

Тука, заедно со владите, студентите и индустријата за чиста технологија, луѓето можат да работат заедно за целосно да се осободат од смогот. Во Кина, Холандија и Полска беше лансиран „Проектот за ослободување од смог“.

Дан Русгард и неговиот тим на експерти ја создадоа првата светска правосмукалка на смог. 7-метарската „Кула за ослободување од смог“ користи патентирана технологија на позитивна јонизација, создава чист воздух во јавните површини, овозможувајќи им на луѓето да дишат и да доживуваат чист воздух бесплатно.

Таа е опремена со еколошки технологија, чисти 30.000 м3 на час и користи многу малку зелена електрична енергија. Ефектот од „Кулата за ослободување од смог“ е потврден со резултатите составени од Универзитетот за технологија во Ајндховен.

Исто така Дан креирал и „Прстен за ослободување од смог“. Со носење на овој прстен „се донираат“ 1000 м³ чист воздух до градот. Во 2017 година, го претстави и новиот додаток во неговиот проект, а тоа е „Велосипедот за осободување од смог“.

Иновативниот велосипед го „вдишува“ загадениот воздух, го чисти и ослободува чист воздух околу велосипедистот.

Сподели на Facebook
пати видено