25-годишната Амбер Бархам од Флорида, тежела цели 125 килограми и нејзиниот доктор и препорачал веднаш да направи гастричен бајпас, но таа не сакала да оди на операција и решила самата да се справи со гојазноста. Амбер ја подобрила својата исхрана и почнала да оди во теретана, по што за 18 месеци изгубила повеќе од 45 килограми и продолжува да слабее.

Амбер е мајка на едно дете, која ја предизвикала гојазноста благодарение на оброци со пица и слатки, но и проблеми со штитната жлезда. Кога лекарот и препорачал на Амбер, која патем била ставена на листата за корисници на лекови за крвен притисок на само 23 години, да направи операција за бајпас на желудникот, Амбер сфатила дека мора да промени нешто во животот.

Решена да ослабе, таа готвела домашни јадења и напорно вежбала 6 пати во неделата. Амбер вели дека се збогувала со животот во кој што главниот проблем и била прекумерената тежина.

„Немаше период во мојот живот во кој можев да кажам дека не сум дебела, но исто така се борев со проблеми со штитната жлезда и не можев лесно да изгубам од тежината. Мислам дека тој проблем ми беше оправдување да не се обидувам да слабеам“ вели Амбер.

„Мојот доктор не веруваше дека можам самата да ја намалам тежината и затоа му го докажав спротивното. Сега можам да купувам облека без грижи. Исто така сакам да ги инспирирам другите дека се е возможно, доколку се потрудите.“ вели Амбер, која што го документирала своето слабеење на Инстаграм, под името @ambers-journey.

Сега Амбер има многу поголема самодоверба и може да ги извршува работите за кои порано само сонувала. Таа вели: „Поставете си мала цел и мали промени, кога почнав мојата цел беше да можам да трчам 1 километар, сега трчам 3 километри. Почнете со малку и тргнете од таму.“

Сподели на Facebook
пати видено