Кога Мајкл Мојлс имал 27 години, неговиот живот целосно се променил. Тој бил стациониран како капетан во воздухопловните сили на САД и играл кошарка за мала градска лига во Сент Луис. За време на еден од натпреварите Мајкл се судрил со еден од играчите со главата и изгубил свест на 30 секунди и привремено му се парализирала десната рака.

Иако рендгенот не покажал сериозна повреда и лекарите му дозволиле истата вечер да се врати дома, сепак решиле да направат магнетна резонанција за да бидат сигурни. Тогаш работите тргнале по лош пат.

Лекарите му ја соопштиле најстрашната фраза: „Мајк, откривме нешто“. Потоа следела цела година истражувања сѐ додека не му ја кажале дијагнозата: астроцитом. Тоа бил рак на мозокот. Пред да ја добие дијагнозата Мајкл само што ја запросил неговата девојка Енџи.

Тој вели: „Таа прифати да се омажи за здрав, млад, силен офицер на воздухопловните сили, а сега требаше да се грижи за пациент со терминален рак.“ Сепак 6 месеци откако ја добил дијагнозата, тие се венчале.

Лекарите му кажале дека со оваа дијагноза, ќе има најмногу уште 6 години од животот. Но, еве по 20 години Мајкл сѐ уште не се откажува од животот. На 28 април 2001 година, на својата прва годишнина Мајкл ја направил првата операција.

Д-р Кит Блек и неговиот врвен тим од неврохирурзи отстраниле тумор од 2,8 см од неговиот десен фронтален лобус. Според Мајк, иако десниот фронтален лобус е првенствено одговорен за меморијата, личноста и јазикот, Мојлс не доживеал никакви значителни промени и во текот на следните 6 месеци закрепнал.

По 4 години ремисија, ракот повторно се појавил и овој пат бил уште поагресивен. Тој претрпел слична операција уште еднаш, но откако туморите се враќале, лекарите препорачале хемотерапија. „Овие зборови ќе го исплашат и најхрабриот пациент, а јас не бев исклучок.“, вели Мајкл.

Месеци хемотерапија следеле додека Мајкл не открил дека вежбањето, особено трчањето правеле да се чувствува подобро. Наскоро тој го трчал својот прв маратон, а во истиот период одел и на хемотерапија. Меѓутоа откако завршил третманот ракот се вратил и морал да започне уште еден третман со хемотерапија. Во текот на следните 10 месеци тој продолжил со хемотерапија и истрчал уште 2 маратона и добил ќерка.

За жал ракот станал отпорен на третманите и Мајкл морал да оди на уште една операција. Патот кој следел не бил лесен. Мајкл се соочилсо голем број на медицински компликации што резултирало со отстранување на дел од черепот.

Нои покрај сето ова Мајкл продолжил да трча и го создал „Тимот Мајкл Мојлс“ во 2008 година, а до 2012 година собрале речиси 100.000 долари за хуманитарни цели преку маратони, давајќи мотивациски говори, тивки аукции и голем број други напори.

Приказната за Мајкл докажува дека упорноста и желбата за живот се многу поважи од „предвидувањето“ на медицината. Затоа Мајкл е вистински херој на 21-виот век.

Сподели на Facebook
пати видено