Пол Вуд од Калифорнија, САД, имал големи главоболки и не можел да се движи самостојно. Кога ги направил потребните анализи и снимки добил две сериозни дијагнози.

На Пол му било кажано дека можеби има крвавење на мозокот од неврохирург во Сан Франциско, а радиолозите го уверувале дека има тумор на мозокот. Меѓутоа еден ден пред да му биде извршена операцијата, ја откажале, затоа што на новите рентгенски немало трага од туморот.

Медицинските лица се шокирале и останале збунети, како Пол целосно оздравел без да прими терапија или било каков вид на лекување.

„Ние правиме тестови и имаме медицинска технологија и се обидуваме да изнајдеме заклучок … понекогаш се случуваат нешта што не можеме да ги објасниме.“, вели д-р Ричард Ји.

Пол тврди дека за неговото оздравување е „виновна“ религијата, молитвите и добрите желби. Тој вели дека примил позитивна енергија од луѓето од неговата заедница и црква, откако им кажал за неговата состојба. Среќниот човек смета дека неговото оздравување е „чудо“.

Лекарите се надеваат дека Пол ќе прифати да биде дел од нивните истражувања, за пронаоѓање на лек за ракот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено