Двајца лекари спасиле живот на жена во авион така што направиле импровизиран медицински вентилатор за време на летот. Анестезиолозите Џон Фланаган и Метју Стивенсон биле на пат кон Јамајка на одмор со нивните сопруги кога една постара жена на летот JetBlue доживеала респираторен застој. Стивенсон забележал дека жената била во неволја околу 20 минути по полетувањето.

Кога утврдиле дека жената не дише двајцата лекари побарале од екипажот на авионот рачен кислороден реаниматор, за да продолжат да внесуватт кислород во нејзините бели дробови.

Екипажот им кажал дека ја немаат потребната опрема, а маските за воздух не се дизајнирани за вентилација. Така, лекарите, кои работеле заедно во Џексонвил, биле принудени да импровизираат.

Додека Џон се обидувал да ја одржи жената во живот со вештачко дишење, Метју тргнал да бара материјали за да направи вентилатор. Метју ја пресекол цевката и воздушното перниче од маската за итни случаи и успеал да ги поврзе со резервоар за кислород кој бил во авионот за да создаде вентилатор.

„Беше неверојатно и страшно во исто време да се уверам дека мојот сопруг и неговиот пријател прават нешто што секојдневно го прават. Да спасат нечиј живот.“, напишала на Фејсбук Ксенија, сопругата на Џон. Лекарите ги советувале пилотите да направат принудно слетување и авионот бил пренасочен кон аеродромот Форт Лодердејл.

Додека авионот да го направи принудното слетување, импровизираниот вентилатор ја одржувал жената во живот цели 45 минути. Лекарите добиле и аплауз од патниците за нивната хуманост. На крајот двајцата лекари со своите сопруги успеале да пристигнат во Јамајка и своето успешно патување го прославиле со чаша пиво.

Сподели на Facebook
пати видено