Кога започнал да работи со библиската историја, големиот уметник имал еден голем проблем. За да го наслика Доброто во лицето на Исус и Злото во лицето на Јуда морал да ги најде најсоодветните модели. И тогаш почнал да бара и да гледа во лицата на луѓето.

Еден ден, за време на литургијата тој се загледал во лицето на едно од младите момчиња кои пееле во црковниот хор. Тој бил совршен одраз на Исус Христос. Момчето зрачело со светлина и љубезност и токму тоа го барал уметникот. Следниот ден го поканил во своето студио и направил скица од неговите црти на лицето. Лицето на Христос било завршено.

Поминале три години. Тајната вечера била речиси завршена, но уметникот сè уште не можел да го пронајде вистинскиот модел за Јуда. Тој не можел да го најде лицето на злото. А веќе почнале да го притискаат да ја заврши сликата што е можно побрзо. И еден ден, по долга потрага, сосема случајно Леонардо конечно го открил идеалниот модел.

Еден парталив млад човек лежел пијан во ѓубре покрај патот – пијан, гнасен и прерано остарен. Леонардо им наредил на помошниците да го однесат во црквата затоа што немал време да прави скица. Бездомникот бил однесен во црквата без да биде свесен дека тоа му се случува, а помошниците на Леонардо го држеле исправено за да може уметникот веднаш да го наслика. Леонардо успеал да го долови и да го пресоздаде цело зло, кое го видел на тоа лице.

Кога завршил, просјакот, веќе трезен, ги отворил очите и кога го видел платното со големо изненадување и тага во неговиот глас рекол: „Веќе сум ја видел оваа слика.“

„Како мислиш си ја видел? Тоа не е возможно…“, изненадено прашал уметникот.

„Ја видов пред три години, кога уште не бев изгубил сè. Тогаш пеев во еден црковен хор, а мојот живот беше исполнет со соништа и добрина. Тогаш еден уметник ме покани да позирам како модел за лицето на Христос.“, одговорило момчето.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено