Ласкети е мал остров меѓу Ванкувер и островот Ванкувер, дом на една мала и непозната заедница која преферира да биде изолирана од надворешниот свет и се гордее што не е дел од „мејнстрим културата“. Луѓето никој не ги следи, никому не поднесуваат ивештаи и никому не плаќаат сметки.

Во краток документарен филм новинар оди да се запознае со некои од жителите на Ласкети и да дознае повеќе за животот на оваа прекрасно парче земја кое што е заборавено и од времето.

Со многу малку развиена индустријата и економијата, поголемиот дел од жителите живеат едноставно, се што им е потребно го добиваат од земјата и немаат потреба од пари. Во пописот во 2011 година евидентирани се 426 жители во Ласкети, кои што се состануваат да се дружат и социјализираат во едно и единствено кафуле во градот.

тие исто така имаат и бесплатна продавница, каде што луѓето можат да остават или да земат предмети и продукти без размена на пари. Островот се наоѓа на само еден час со брод од островот Ванкувер.

Ласкети нема развиен туризам, развиена економија или пак било каков вид на индустрија, но луѓето кои што живеат таму велат дека уживаат во чувството за безвременост, заедница, и слободата која што им ја обезбедува нивниот дом.

Сподели на Facebook
пати видено