Природата постојано се менува, а секоја промена носи нешто ново што може да предизвика позитивен ефект, односно добра промена. Инспирирана од природата, Ladna направи промена и отсега ќе може да ја најдете со нов и модернизиран дизајн.

Природната изворска вода Ladna, која се полни од изворот „Бреза“ на Осоговските Планини, ги приспособи своите нови шишиња на потребите на потрошувачите, како и на највисоките стандарди за пакување, притоа задржувајќи го препознатливиот квалитет, вкус и состав. Новото шише на Ladna може 100% да се рециклира, што го прави особено безбедно за околината и природата.

Новото пакување не менува ништо освен визуелниот печат на Ladna. Таа и понатаму нуди балансиран хемиски состав со исклучително ниско ниво на натриум, што ја прави погодна за подготовка на храна за доенчиња. Токму поради тоа, Ladna е првата вода која е препорачана од Здружението на педијатри на Македонија.

Водата е животна сила на природата, на сѐ што се развива и расте. Од исклучителна важност е и квалитетот на водата за пиење, бидејќи таа е задолжена за одржување на здравјето кај луѓето. Ladna го полни телото со виталност и игра клучна улога во процесот на детоксикација и хидратација на кожата. Со секоја голтка Ladna, во себе внесувате дел од природата. Токму затоа велиме дека „Ладна е голтка здрав живот“.

Сподели на Facebook
пати видено