– Како би ја опишале Македонскат економија?
– Тркало продолжува да се врти, но хрчакот во него одамна умрел…

– – – – – – –

– Исак, кој би помислил дека 70 години подоцна луѓето ќе се борат за место во возот, за да стигнат до камповите во Германија?

– – – – – – –

Таа и тој:
– Ама ти навистина ли нема да ме …?
– Да бе, дури и кондоми не купив.
– А ако имам јас?

– – – – – – –

Eден бесплатен совет за дамите:
– Подобро среќно разведена отколку очајна жена.

– – – – – – –

Не ги разбирам вегетаријанците со слоганот „Ти си она што го јадеш“. Значи јас сум свиња, што е едно од најпаметните животни, а ти си тиква…

– – – – – – –

Сиромав човек јаде кокошка или кога е болен, или кога кокошката е болна.

– – – – – – –

Кога бев мал, моите не ми купуваа ништо. Но потоа пораснав, почнав да работам и сега можам сам да не си купувам ништо.

– – – – – – –

Единствената машина со која можете да заработите голема сума пари во казино е автоматска пушка Калашников.

– – – – – – –

Ако баба ти ти каже дека изгледаш добро, значи итно треба да ослабиш.

– – – – – – –

– Ние со мојот маж си живееме тивко и мирно … реков миииирно!!!

—————-

Сподели на Facebook
пати видено