Жената и мажот се будат на 8-ми март.
Жената слатко се протега и вели:
– Леле што убав сон сонив – како за 8-ми март ми даваш прекрасна бунда и дијамантски прстен! Што ли значи тоа?
Мажот ја бакнува и ѝ вели со насмевка:
– Чекај до вечер и ќе сфатиш што значи сонот!
Попладнето жената се враќа од работа, готви празнична вечера, ја мести масата свечено, пали свеќи… Мажот се враќа и носи убаво спакуван подарок. Таа брзо и со нетрпение го отвора подарокот и гледа книга „Толковник на соништа“.

– – – – – – –

На 8-ми март продавачката го прашува муштеријата:
– Подарок за вашата жена, или нешто поскапо?

– – – – – – –

8 март – ден на машко лицемерие.

– – – – – – –

Ноќта на 7-ми спроти 8-ми март, некаде во 23:30 во креветот.
Тоа:
– Драги, не можам да заспијам… сакаш ли да…
Тој:
– Спиј сега… не треба подароците да се даваат пред празникот!

– – – – – – –

На 8-ми март, мојот сопруг ми даде јадица за ловење риби. Потоа, на неговиот роденден, јас му дадов кармин и римел!

– – – – – – –

– Душо! Што да ти подарам за 8-ми март?
– О, немам идеја…
– Тогаш ти давам една година да размислиш.

– – – – – – –

– Драги, за 8-ми март сакам само љубов и внимание…
– Доцна е, мила… Веќе ти купив бормашина!

– – – – – – –

Во пресрет на 8-ми март. Сопругата го прашува нејзиниот сопруг:
– Што ќе ми порадиш за празникот?
– Ништо. Јас… само ќе те „плеснам“ еднаш и толку!
– А ако не ти дадам?
– Ако си проста, остани си без подарок!

– – – – – – –

За мажите кои уште не сфатиле:
– Ако се скараш со жената на 7-ми март, на 8-ми ќе си заштедиш некој денар!

– – – – – – –

Разговараат две комшивки:
– Што ти подари мажот за 8-ми март?
– Две тави и едно сукало.
– Среќлика. Мене мојот ми воведе ембарго за оружје.

– – – – – – –

Многу девојки нема да добијат подарок на 8-ми март… затоа што многу плати кај нас се даваат после 10-ти.

– – – – – – –

Внукот ѝ го честита 8-ми март на бабата:
– Драга бабо, среќен 8-ми март!
Потоа се подзамислува, а бабата му помага:
– И посакуваш…
– И посакувам мекици со сирење и торта со бисквити.

Сподели на Facebook
пати видено