Зороастризмот е една од најстарите религии. Таа била основана околу 2000 п.н.е. и била официјална религија на предисламските империи од Западна Азија.

Денес таа се практикува од околу 3 милиони луѓе, најчесто во Индија и Иран.

Некои историчари веруваат дека зороастризмот имал влијание врз некои од главните религии, вклучувајќи го и јудаизмот, христијанството и исламот. Но, многу аспекти на зороастризмот сè уште остануваат мистерија за модерниот западен свет.

Една од најчудните традиции во оваа религија е ритуалот на погребување на мртвите, што вклучува употреба на таканаречени „Кули на тишината“ („дакма“). Следбениците на зороастризмот веруваат дека телата на мртвите се нечисти, бидејќи пред нивната смрт имало демони во нив.

Според нив, четирите елементи – оган, вода, земја и воздух – се свети и не треба да бидат контаминирани со распаѓањето на мртвите тела. Затоа мртвите мора да се исчистат пред да им биде дозволено да поминат во задгробниот живот.

„Кулите на тишината“ се места кои служеле за извршување на овој процес на прочистување. Тие се изолирани цилиндрични згради на кои биле поставени телата на мртвите за да бидат изложени на природата. Нормално, телата се распаѓале на сонцето и ги јаделе мршојадците. Тогаш останатите коски биле ставани во нешто како бунар во центарот на кулата, каде што сувата клима ги претворала во прашина.

Меѓу другото, ритуалот, исто така, се сметал за краен чин на човековата посветеност и хуманост, бидејќи труповите доброволно биле пренесени на птиците и се претвориле во нивна храна.

Во современиот ирански зороастризам, овој ритуал е забранет, бидејќи денес се смета за ужасен и застрашувачки. Тој бил заменет со вообичаениот погреб или кремирање и иранските кули на тишина веќе не се користат. Наместо тоа, тие служат како споменици на исчезнатите традиции. Сепак, во Индија оваа практика сè уште се одржува и кулите се користат за нивната вистинска цел.

Меѓутоа, поради проширувањето на индиските урбани области, некои кули сега се наоѓаат во густо населените области, а честопати единственото нешто што ги одделува од становите на луѓето се малите градини. Ова е голем проблем за индиската влада и најверојатно, ритуалот ќе биде забранет во текот на следните неколку години.

Ако ова навистина се случи, Кулите на тишината ќе станат тивки сведоци на заборавената традиција која датира од античките времиња.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено