Страшни слики се појавија по медиумите од домот на Американецот Давид Тимотин Декит(53), кој бил уапсен во неговата куќа во Филипните, под сомнение дека експлоатирал малолетници од Филипините. Чудовиштето ги снимало децата преку веб-камери, ги фотографирал и пуштал видеа во живо.

Во неговиот гнасен дом е најдена детска долна облека, детски чевли, камери, окови, камшици и купишта хард дискови расфрлани низ куќата. Ова се смета за најголемото запленување на нелегални дигитални содржини во земјата.

На сликите се гледа ѓубре и нечистотија. Исто така се гледа и испотеното лице на Давид, додека ги гледа иследниците како собираат докази од неговиот дом. Исто така може да се забележи дека рацете на монструмот се врзани со полнач за телефон. Тој се преселил од САД, Илиноис во 2000 година.

Полицијата запленила над 30 хард дискови и ќе започне со истрага за да ги пронајде купувачите и жртвите. Давид е обвинет за сајбер-криминал, детска порнографија, злоупотреба на деца и трговија со луѓе.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено