Кучиња: Што и да направат овие крзнени палавковци не можете да не ги сакате. Барем тоа си го повторувало на глас семејството на Ана Каролина Лима кога го здогледале нивното куче Луна.

Ана седела заедно со  нејзината баба во југо-источната држава Минас Гераис, во јужен Бразил, кога одеднаш исчезнала вештачката вилица на старицата.

Целото семејство почнало да ја бара вилацата на бабата, но иако ја пребарале целата куќа никаде не можеле да ја најдат. Бабата најчесто ја оставала вилицата до перницата, за да не ја изгуби. Со нив било и кучето Луна кое сето време се однесувало како „ништо да не знае“.

Но, неколку часа подоцна Луна им приредила изненадување со „гламурозна насмевка“ на својата муцка.

Да, така е Луна ја позајмила вилицата од баба и за нејзина среќа сите членови од семејството многу сакаат животни па добро се насмејале на нејзина сметка. Секако бабата си добила нова вилица.

Сподели на Facebook
пати видено