Кучињата се познати по својата лојалност, но посветеноста на овој златен ретривер го спасила животот на неговиот најдобар пријател. Често се потценува интелегенцијата и свесноста на животните. Иако човекот сака себеси да се смета за најинтелегентното и највредносто суштество на планетата, сепак има многу лекции кои може да ги научи од тивките и скромни суштества со кои ја делиме оваа планета.

k01

Кога златниот ретривер Тили и басетот Феб тргнале да ја истражуваат шумата заедно и не се вратиле, нивните сопственици од Вашон Ајленд многу се загрижиле. Набргу ја повикале службата за заштита на миленичиња кои, по пет дена, ја постирале оваа порака на нивната Фејсбук страница, со која известуваат за исчезнатите кучиња.

k02

Тие не можеле ни да претпостават дека Феб паднала во цистерна на оддалеченост од неколку километри и не можела да се извлече. Ако Тили не го сторила тоа што го сторила, Феб најверојатно ќе умрела. Откако било јавено дека Тили била видена на имотот на едни луѓе како се обидува да привлече внимание, од службата за миленичиња испратиле да истражат во таа област.

k03

„Пребарувавме околу една недела кога еден фармер ни кажа дека видел црвеникаво куче на својот имот“ раскажува Ејми Кери, волонтерка во службата. „Таа мирно му пристапила, и кога го привлекла неговото внимание, се свртела и се упатила кон блиската полјана. Решив да одам да проверам. Кога пристигнав таму и погледнав надолу, Тили ме виде, но не се стрча кон мене. Остана таму на работ на цистерната, притисната најцврсто што може за работ. Доколку се стрчаше кон нас, можеби никогаш немаше да забележиме дека Феб е внатре во дупката. Таа остана мирна на своето место, јасно ставајќи ни до знаење дека треба да дојдам до неа за да ја видам нејзината пријателка. Кога видов што се случува, веднаш ми навреа солзи. Беше толку трогателно.“

k04

И двете кучиња се во добро здравје, и не дехидрирале благодарение на тоа што пиеле дождовна вода.

Сподели на Facebook
пати видено