Кучето било врзано во напуштен дом во Мисури, откако неговиот сопственик бил убиен. Треја пет години поминала под напуштената куќа а храна и сено во зимата за да се стопли, добивала од соседите кои се сожалиле. Оваа година Треја добила инфекција од синџирот кој се врзал околу нејзината нога и таа ја прегризла шепата за да може да се ослободи. Кога ја пронашле соседите ја повикале службата за кучиња скитници за да ја однесат Треја на лекување.

Никој не знае зошто соседите не ја викнале службата порано. На Треја и е дијагностицирана и тешка инфекција на кожата и останала без шепа. Од службата велат дека Треја поради тоа што поминала толку години сама се плашела од интеракција со луѓето. Но, сега таа има втора шанса. Сега таа живее со ново семејство и од засолништето собираат пари за да и купат протеза со која ќе може нормално да оди. Нејзиниот третман ќе чини и до 3.000 долари.

Сподели на Facebook
пати видено