Дали некогаш сте посакале заедно да спиете со вашите миленичиња, но ви било премногу страв да не ги смачкате? Или можеби се плашите од можно заболување? Не плашете се повеќе, најсполе можете мирно да спиете заедно со нив во овој револуционерен кревет во чиј душек има минијатурно легло за вашите четвороножни пријатели.

Љубителите на миленичиња за ова би требало да ѝ благодарат на бразилската компанија Colchão Inteligente Postural, на коишто им дошла оваа генијална замисла. Се разбира, додека некои луѓе не можат да си замислат да спијат без нивните миленичиња, други не ги пуштаат ни да се приближат на нивниот кревет. Дали вие би спиеле заедно со вашето милениче?

кр01 кр02 кр03 кр04 кр05 кр06

Сподели на Facebook
пати видено