Навистина е сурово кога знаете дека имате нешто во фрижидерот и едвај чекате да го јадете, кога одеднаш сфаќате дека го снемало. Овие сурови кражби најчесто се случуваат на работа, во студентски или кога имате големо семејство.

Но, кога сте само двајца во домот и го делите животот со една личност на која потполно ѝ верувате и таа вака ќе ви „забоде нож во грб“ е тогаш навистина боли.

Затоа откако Дејв Вилијамс забележал дека неговата свршеница Стејси Лоув се гости од неговите чоколади, решил да го покаже својот револт на креативен начин. Тој направил ни помалку ни повеќе туку сеф за чоколадите.

„И ова го начекав. Ќе купите куќа заедно, ќе му родиш дете, планирате свадба и ова се случува! Дејв оди и купува сеф за фрижидер, затоа што е серко и бидејќи не сака да го дели чоколадото со мене! Дали некој сака да го земе? Сигурно ова е материјал за раскинување?! Кретен!“, напишала лутата Стејси на Фејсбук.

Стејси потоа истакнала дека планира да му врати со иста мерка. Не знаеме што таа има ставено во сеф, но да се надеваме дека ситуацијата не ескалирала.

Сподели на Facebook
пати видено